Во Велес вечерва првото „Драјв ин синема“

Од:

Во организација на Младинското здружение Transparent Future, со подршка на Општина Велес и спонзори, вечер во 22 часот на паркингот пред маркетот „Кид Го“, поранешен ТУШ, ќе се одржи кино-проекција на отворено која ќе може да се проследи од автомобил. Прикажан ќе биде филмот „Судар“.

Пред проекцијата ќе настапи ДЏ Попај, а собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Како што информираат од Општина Велес, идејата за организарање на првото Drive in cinema од отворен карактер во земјава е резултат на креативноста на група млади ентузијасти, кои сакаат со иновативни идеи да придонесат за разни можности за рекреација и забава на младите, па и на повозрасните во оваа летна сезона.

Младинското здружение Transparent Future преддвидува реализирање различни настани од општествен и хуманитарен карактер за да им овозможи на младите корисно да го исполнат своето слободно време.

-За да го заштитиме јавното здравје и да покажеме свест и одговорност во овие тешки времиња, организаторите и ние како Општина, препорачуваме почитување на сите мерки пропишани од Министерството за здравство, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот, велат од Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ