(ВИДЕО) Спасовски: Во моментов важи старата одлука, границите остануваат отворени

Од:

Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Во моментов останува да важи старата одлука, односно дека границите се отворени, рече Спасовски при денешната посета на Чучер Сандево.

– Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на проценка стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба да се преземат мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. Засега Владата нема донесено никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени, изјави Спасовски.

Поради влошувањето на сосотојбата со коронавирусот и во соседните земји, за денеска беше најавен состанок на Комисјата за заразни болести на кој, според најавите, требаше да се разговара за евентуално затворање на границите или за други превентивни рестриктивби мерки.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните