Венецуелскиот опозициски лидер Енрике Каприљас, кој беше поразен на претседателските избори на 14 април, изјави дека ќе ги оспори резултатите од гласањето.
Тој изјави дека е убеден оти властите муја украле победата, нагласувајќи дека е потребно спроведување на нови избори. Со многумала предност, на изборите победи Николас Мадуро, кој на претседателската должност го наследи починатиот Уго Чавес.
Минатата седмица Националниот изборен совет донесе решение за дополнителна проверка на гласачките ливчиња. Каприљас истакна дека не треба да се изврши проверка само на гласачките ливчиња, туку и на документите во кои избирачите се потпишувале и оставале отпечаток од прстот по гласањето. Сепак Советот нема намера да им дозволи на опозициските претставници пристап до овие документи.
– Во вакви услови проверката повеќе нема смисол и ние се откажуваме да учествуваме во неа, нагласи опозицискиот лидер. Според објавените резултати Мадуро на изборите освои 50,78 отсто од гласовите, а Каприљас 48,95 проценти.