Матињон го чека новиот француски премиер

Од:

Матињон седиштето на францускиот премиер веќе го посла црвениот тепих и ги постави микрофоните за примопредавањето на власта меѓу стариот и новиот француски премиер, јави дописникот на МИА.

Поставувањето на црвениот тепих, е јасен знак дека името на наследникот на Едуар Филип, ќе биде познато набрзо.

Едуар Филип кој по убедливата победа на општинските избори во Авр, во неделата, треба формално да биде избран за градоначалник, со оставката и со победата во Аавр само ја засили неговата популарност. Неговите амбиции, по три години поминати како премиер на владата, според многу аналитичари нема да останат само на нормандискиот град, а некои веќе го гледаат како кандидат за Елисесјката палата во 2022 година, иако блиските на Едуар Филип неодамна изјавија дека тој не е заинтересиран да биди претседателски кандидат.

Стефан Сежурне, европратеник од редовите на Републиката во Марш и поранеше советник на Макрон, тврди дека Едуар Филип „ќе остане еден од столбовите на претседателското мнозинство“.

Меѓу најострите реакции на заминувањето на Едуар Филип од функцијата премиер и најавената нова влада, е таа на националниот генерален секретар на Европа Екологија Зелени, Жулиан Бају, кој изјави дека има впечаток дека „мандатот (на Макрон) е завршен и дека претседателот прави напори да прави пена наместо содржина“.

Бају не гледа промена на правецот кој ќе ги наведе да ја поддржат оваа нова ориентација на Макрон. Целта на Зелените е да го сменат претседателот во 2022 година, наведе тој.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата