Еден од најпознатите антивладини активисти во Хонг Конг, Нејтан Ло, избега од оваа полуавтономна кинеска територија.
Тој избега откако Кина го донесе Закон за национална безбедност, насочен кон субверзивни, сецесионистички, терористички и странски интервенции.
Ло беше лидер на студентите, а во 2014 година беше во затвор по организирањето на „протестот на чадорите“.
Тој најави дека ќе ги продолжи своите активности од странство, меѓутоа, не кажа каде ќе оди, наведувајќи дека „со оглед на проценката на ризикот“, не сака да открие премногу за неговата идна локација на престој.јави Би-Би-Си.
Ло преку видео врска се приклучи на сослушувањето во Американскиот Конгрес за Хонг Конг, при тоа кажа дека се плаши да се врати во градот затоа што може да биде уапсен.
Тој во 2016 година беше најмладиот пратеник во регионот и се залагаше за референдум за иднината на Хонг Конг.
Активистите во Хонг Конг, како и западните политичари, велат дека новиот закон ги крши слободите во градот, што официјален Пекинг го негира.
Хонг Конг беше под британска контрола до 1997 година, кога беше вратен на Кина, а неговата автономија е загарантирана со договорот „една земја, два система“, додава Би-Би-Си.