ВИДЕО: Српските студенти ги окупираа улиците по одлуката на Вучиќ за затворање на студентските домови

Од:

Студентите излегоа на протестен марш во Белград откако српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се затворат студентските домови поради ширење на коронавирусот.

Тој во интервју за „РТС“ најави дека студентите што се од странство или други градови, ќе одат во своите домови.

„Ова не е протест само на студентите туку и на народот, поради одлуките кои се носат. Додека студентите се иселуваат од домовите, угостителските објекти работат“, велат демонстрантите.

Инаку, директорката на Заводот за здравствена заштита на студентите во Белград, Марија Обрадовиќ изјави дека според нејзините информации, засега 210 студенти се позитивни на коронавирусот. Според неа, четвртина од заразените се од студентските домови.

Би можело да ве интересира

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он