Вучиќ најави враќање на мерките по напливот на нови случаи на Ковид-19

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва соопшти дека дел од заштитните мерки укинати пред неколку недели ќе бидат повторно воведени, откако во земјата е забележан повторен раст на бројот на заразени од коронавирус .

Во периодот од 23:00 часот до 6:00 часот наутро во следните две недели ќе бидат затворени кафулињата, студентските домови, клубовите и другите локали, соопшти Вучиќ.

Тој во обраќањето на државната телевизија посочи дека најголем проблем е Белград и дека главниот град е жариште во кое се сконцентрирани над 80 проценти од заразените во земјата.

На прашање на водителката на РТС каде ќе одат тие студенти што се од странство или од други градови, Вучиќ одговори: во своите домови.

Српскиот претседател додаде дека Владата утре ќе донесе нови заштитни мерки кои ќе предвидуваат забрана на работење на дел од локалите во дел од работното време. За граѓаните кои нема да ги почитуваат правилата се предвидени казни  од 5.000 до 6.000 динари.

Со новите мерки, во затворен простор ќе биде дозволено собирање на најмногу 100 лица, а на отворено бројот ќе изнесува 500, ако тоа не ја подобри состојбата, мерките ќе се затегнуваат и ќе бидат уште поригорозни, изјави Вучиќ.

„Да можев сам да одлучувам, ќе го затворев Белград и ќе воведев полициски час,“ додаде српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија