Силјановска: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Од:

Носителката на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова, на дебата во телевизија 24 се осврна на патот на Македонија кон ЕУ.

„Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки“, рече Силјановска.

Таа вели дека со преговарачката рамка не се враќа македонскиот јазик и не станува официјален во ЕУ, тоа што документот е на македонски станува збор за вообичаен пристап треба да се преведе на јазикот на државата.

„Има фази јазикот да стане официјален. Сега станува збор за легитимирање на јазикот. Кога ќе ги завршиме преговорите прво ниво е договор, второ правна регулатива број 1 од 1958 година, а јазиците стануваат службени кога ќе се прифатат амандмани на правната рамка од 1958 и повторно е потребен консензус.

Силјановска рече дека „нема крај на радоста, по не знам кој пат се радуваме“
и додаде „имам слика на Заев со Димитров, Османи, Анѓушев како ја дочека веста за
датум на преговори“.

„Се изморив од прослави, не е време за славење зошто овие избори ќе бидат важен
критериум за односот кон нас во рамки на првиот кластер“, рече Силјановска.

Би можело да ве интересира

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Левица: Без знаме и без гордост, Силјановска – пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Мицкоски мандатар за состав на влада

Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски

Лосон на средба кај Сиљановска Давкова, упати порака за продлабочување на евроинтеграцијата и билатералните односи

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска