Што поуспешни избори и побрзо формирање на институциите за поуспешен старт на преговорите, вели Спасовски

Од:

Премиерот Оливер Спасовски смте дека е потребно да се спроведат што поуспешни избори на 15 јули, а потоа и побрзо да се формираат институциите за да имаме поуспешен старт на преговорите за пристапување со ЕУ.

-За нас е важно сега да имаме фер демократски слободен процес кој што ќе заврши на 15-ти и што е можно побрзо да се формира новата влада. Заради тоа што формирањето на владата ќе придонесе да се забрза целиот овој процес на започнувањето на преговорите. Сите подготовки се направени околу тимовите кои што треба да ги водат преговорите во институциите. Меѓутоа сметам дека одговорност пред нас и пред граѓаните стои што е можно да бидат поуспешни изборите и што е можно побрзо да се формираат институциите на државата и на системот и да можеме добро да се справуваме со здравствената и економската криза и второ да можеме да имаме успешен старт на преговорите за членство со ЕУ, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров, откако вчера Европската комисија ја достави предлог Преговарачката рамка на разгледување во Советот на ЕУ.

Запрашан за пописот Спасовски изјави дека очекува после изборите и формирањето на парламентот и на политичка влада сите овие прашања кои оправдано или неоправдано се одолговлекувале изминатиот период да бидат реализирани меѓу кои и пописот кој како обврска влегува во првиот пакет – фундаменти од рамката за преговори со ЕУ.

-Тоа е важно не само заради преговорите, туку и за економскиот развој на државата и следењето на демографските состојби. Многу прашања кои ни се поврзани со преземањето на конкретни чекори во креирање на политики, во реализација на тие политики. И нашиот став е познат како Влада дека ние навистина посакуваме да се организира попис и го сметаме за исклучително статистичка операција во кој што ќе ги добиеме сите можни параметри, врз основа на кои ќе можеме да градиме свои политики за развој на државата, а тоа ќе биде и основата која е потребна за почнување на прегворите со ЕУ, рече Спасовски на новинарско прашање и за тоа дали ќе биде потребен консензус за пописот како статистичка операција.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он