Петровска за „теретана“ и Мицкоски: Недостасуваат снимки од две камери, од периодот кога теретаните беа затворени

Од:

Случајот „теретана“ поврзан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да биде затворен со додека не се докаже кога е направена снимката објавена на социјалните мрежи од надзорните камери, вели дополнителната-заменик министерка, Славјанка Петровска за „А1он“. Таа смета дека најголемиот сомнеж дека снимката е од период кога Владата ги затвори теретаните се ракавиците и маските кои се гледаат на снимката, а не верува дека се од отсјај, како што кажа техничкиот министер, Наќе Чулев. Петровска за „А1он“ потврдува дека недостасуваат снимки од две надзорни камери.

„И јас и министертот читаме исти извештаи, не знам од каде е потребата да се прескокнуваат пишаните редови. Точно е дека во извештајот кој е доставен до ОЈО стои дека во одреден ден, точно наведен со датум, одредени временски интервали, точно наведени со час, минути и секунди недостасуваат видео засписи од две камери. Се работи за ист временски интервал од отприлика 2 часа. И се работи за датум во периодот додека мерките за заштита од вирусот се активни. Овој извештај не е потпишан од помошниците за внатрешна контрола, затоа што овој е извештај кој го подготвува надлежна организациона единица во СВР Скопје и е потпишан од началникот на таа единица“, вели Петровска за „А1он“.

Според неа, за да се докаже дека постои кривично дело, а тоа е непочитување на мерките изречени од државен орган со цел заштита од ширење на пандемијата, треба да се докаже кога снимката е снимката.

„Овој случај воопшто не е наивен, напротив. Однесувањето на главниот актер и оркестрирањето на вработени и сопственици во објектот, а богами и на министерот ја враќаат грдата слика за опозицијата од времето кога беа власт. По секоја цена да се сокрие, по секоја цена лидерот да биде чист, по секоја цена да се убедат граѓаните дека некој друг лаже“, додава Петровска.

Претходно, техничкиот министер Наќе Чулев тврдеше дека снимката со Мицкоски е направена во октомври минатата година. Тој ставот го темелеше врз основа на изјава вработена во теретаната која кажала дека на снимката има шкаф без врата, кој бил поправен во ноември минатата година. Но, тоа не се докажа со вештачењето на видео материјалите од надзорните камери кое го правеше МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски