Демонстрант од Хонгконг осомничен за убиство на полицаец уапсен на лет за Лондон

Од:

Полицијата во Хонгконг денеска уапси маж на лет за Лондон, осомничен за убиство на полицаец за време на протестите против новиот Закон за безбедност за полуавтономната кинеска територија.

Според анонимен полициски службеник, 24-годишниот Вонг е уапсен на летот на „Китај Пацифик“ кон Лондон.

Вонг вчера купил билет и се качил на авионот без багаж, истакна полицискиот службеник. Тој не одговорил на повикот од екипажот на авионот и не седнал на своето место.

Откако Вонг бил идентификуван, полицијата на Хонгконг го уапсила, а локалните медиуми објавија дека е уапсен затоа што неговиот братучед пријавил во полиција дека планира да замине.

За време на вчерашните протести во Хонгконг против законот донесен од Кина за сузбивање на антивладините протести што траат од јуни минатата година, уапсени се околу 370 лица .

Законот, што стапи во сила во вторникот, забранува сецесионистички, субверзивни и терористички активности, како и секаква странска интервенција во Хонгконг.

Усвојувањето на кинескиот закон за национална безбедност за Хонгконг предизвика длабока загриженост и жалење во светот, со проценка дека законот го укина принципот „една земја, два система“ што на градот му беше ветен во 1997 година, за време на преминот од британска во кинеска власт, заедно со високиот степен на автономија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше