Димитров оствари средба со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари видео средба со Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан.

„Благодарни сме за подготвеноста за размена на искуства во однос на новите методи на тестирање што се применуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и разгледување на можностите за конкретна поддршка на Северна Македонија во борбата против ковид-19 и за напорите за сузбивање на економските последици од пандемијата. Посебно, нѐ радуваат високите оценки за квалитетот на македонските земјоделски и прехранбени производи и во тој контекст, отвореноста на ОАЕ за нивен пласман на тамошниот пазар. Тоа ќе биде од круцијално значење за нашата економија во пост-ковид периодот”, истана Димитров.

На средбата беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Министрите разменија мислења за економските односи и соработката на билатерален и мултилатерален план, за актуелните состојби во двете земји во справувањето со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, како и за решенијата за нивно надминување со заедничка соработка и солидарност.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов