Англискиот производител на луксузни спортски автомобили, „Астон Мартин“ произведе еколошки автомобил за кој се надева дека ќе биде првиот што ќе се движи на хидроген.
Автомобилот „Хибрид хидроген рапид С“ ќе дебитира на трката „24 часа Нирбургринг“ во Германија.
Компанијата „Астон Мартин“ сака да го докаже својот еколошки потенцијал на една од најтешките кружни трки во светот.
Заради ова, ангажирани се стручњаците за хидроген на компанијата „Алсет глобал“, со која е развиен моделот на хибриден автомобил со шестлитарски В12 мотор што може да се движи на чист хидроген, чист бензин или нивна комбинација.