Тојота концепт МИ.ВИ Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ го претстави новиот концепт „МЕ.ВИ“, кој треба да ги задоволи потребите на корисникот и истовремено да биде општествено корисен.
Тојота МЕ.ВИ е придвижуван од електричен мотор напојуван од батерии поставени под подот на возилото. Структурата на автомобилот е од алуминиум на кои се закачени плочи од полиетилен, со што вкупната тежина на возилото изнесува само 750 килограми.
Плочите од полиетилен целосно се рециклираат, што е дел од напорот на Тојота, освен намалување на загадувањето од штетни гасови, на околината да не делува штетно ниту при производството на самото возило. Согласно овие цели на компанијата за изработка на подот на концептот е користен бамбус.
Освен што се рециклираат плочите од полиетилен може лесно да се заменат што нуди широк спектар на опции за персонализација на возилото, што според формата е направен во исто време да биде пикап, градски автомобил и кабриолет.