Премиерната проекција на новиот холивудски блокбастер Ајрон мен 3 (Iron Man 3), во кој како дел од екипата на студиото Scanline, на визуелните ефекти работеше и Македонското студио за анимација и продукција на визуелни ефекти ФХ3Х, ќе се случи вечерва во Синеплекс Македонија, една недела пред светската премиера.
Според Кристијан Даниловски од ФХ3Х, на визуелните ефекти од филмот работеле 48 домашни артисти од септември 2012 до февруари годинава.
Се работело на 94 кадри или вкупно на околу 10,5 минути од филмот.
Премиерната проекција во Синеплекс е тематски поврзана со првата Машка филмска вечер организирана во соработка со Ауди.
Светска премиера на Ајрон мен 3 е закажана идната недела.