Бразилската федерална судијка Даниеле Марањао Коста ја укина одредбата со која од претседателот Жаир Болсонаро се бараше да носи маска во јавноста или ќе се соочи со парична казна.
Болсонаро во петокот поднесе жалба до Сојузниот суд да нема обврска да носи маска за лице во јавноста, јави Си-Ен-Ен.
Судската наредба донесена на 26 јуни од судијата Ренато Борели, од Деветтиот сојузен граѓански суд на Сојузниот округ, ја потврди уредбата што владата на Сојузната област ја издаде на 30 април.
Уредбата утврди дека употребата на маски за лице е задолжителна како мерка за сузбивање на ширењето на пандемијата на коронавирусот.
Доколку се утврдеше дека ја прекршил уредбата, Болсонаро ќе се соочеше со дневна казна од 2.000 реали (366 долари) .
Судијката Коста соопшти дека пресудата, или забраната во слчучајот против Болсонаро, не е соодветна.
Таа изјави дека судството не е соодветно место за справување на ваквите работи.