СДСМ се подготвува за лидерската трка, Црвенковски нема да навива за никого

Од:

Централниот одбор на СДСМ вечерва треба да го означи почетокот на подготовките на конгресот што треба да се одржи на 2 јуни, на кој треба да биде избран нов претседател на најмоќната опозициска партија, пренесува Плусинфо.

Засега единствено се знае дека досегашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, ќе отстапи од кормилото. Извори на Плусинфо тврдат дека Црвенковски нема да се приклони кон ниту еден од претендентите во трката за лидерска позиција.

Најсериозни кандидати да го преземат водството на партијата се двоецот Зоран Заев – Радмила Шеќеринска, Игор Ивановски и Зоран Јовановски. Претходно, Кире Наумов, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, јавно призна дека има желба да стане лидер на СДСМ, а провладини медиуми тврдат дека тој ја има поддршката од Владо Бучковски и други поранешни членови на партијата.

Извори на Плусинфо тврдат дека претконгресните активности во СДСМ со внимание ги следат и странските дипломати, кои очекуваат најмоќната опозициска партија да понуди една нова визија за Македонија. Луѓе од меѓународниот фактор брифирале овдешни локални аналитичари дека странците наскоро ќе му ја ускратат поддршката на премиерот Никола Груевски, но очекуваат на чело на СДСМ да застане водство што ќе можат да го поддржат, пишува порталот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет