Доделени договорите од проектот „Субвенционирање заради вработување“ во Прилеп

Од:

Со посредство на Агенцијата за вработување (АВРМ), во просториите на локалната самоуправа во Прилеп беа доделени договори на работодавци и лица за обука кај познат работодавач во рамките на проектот: “Субвенционирање заради вработување”.

Овој проект за првпат се спроведува меѓу прилепчани. Основната цел е да се поттикнат невработените лица за работен ангажман, како и поттикнување на работодавците да спроведат обука на невработените лица на соодветен период и потоа трајно да ги вработат.

Вработувањето ќе биде субвенционирано од Владата за период од 6 месеци. Во 14 прилепски фирми ќе бидат обучени и ќе се вработат 63 невработени лица, кои повеќе од 1 година биле евидентирани во Центарот за вработување. Најголем интерес за вклучување во овој проект пројавиле фирмите од текстилната и од преработувачката индустрија.

По завршувањето на обуката, за вработените лица ќе биде обезбедена субвенција преку финансиска поддршка за секое вработено лице во бруто-плата во износ од 13 000 денари месечно за период од 3 месеци, со обврска на работодавецот да ги задржи овие лица на работа во наредните 12 месеци, како и да не го намали бројот на вработени на неопределено време во рок од 1 година – изјави директорката на АВРМ, Силвана Пашоска.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена