Полицијата во Хонгконг соопшти дека го извршила првото апсење откако стапи во сила новиот закон за национална безбедност, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека е уапсен маж кој го држел знамето за независност на Хонгконг, што е прекршување на новото законско решение што е изгласано во Пекинг, а почна да се применува од вчера, додаде германската агенција.
„Ова е прво апсење откако законот влезе во сила“, на Твитер соопшти полицијата на Хонгконг.
На сликата што полицијата ја стави на Твитер се гледа како знамето на кое пишува „независност за Хонгконг“ лежи на тротоарот, а покрај него стои маж.
Тој носи маица на која пишува „Ослободете го Хонгконг“, пренесуваат британските медиуми.