Роднина на жена почината во Ковид-центарот во болницата „8 септември“, кој е позитивен на коронавирусот, е спроведен во полициска станица со специјални протоколи, откако претходно бил пријавен дека заедно со други лица ѝ се заканувал на докторка од болницата.
МВР засега единствено потврдува дека вкупно шестмина се приведени во полициската станица Гази Баба.
Целата драма се одвиваше вечерва пред Ковид-центарот во ГОБ “8 ми Септември“, каде беа распоредени десетици полицајци од различни единици. Неофицијално, при интервенцијата по пријава, полициските службеници не знаеле дека лицето е позитивно на коронавирус, а тоа тој го кажал отпосле.
Полицијата постапуваше со целосна опрема согласно мерките за заштита од вирусот. Пријавата била дека лицата кои се заканувале се вооружени, но по прегледот, било утврдено дека немаат оружје со себе.
Полицијата ќе ги спроведува и останатите заканувачи, кои се задржани пред влезот во болницата.