СПЦ и патријархот Иринеј објавија дека се „сто отсто со српскиот народ на Косово и Метохија“ кои го отфрлија договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, парафиран минатата недела во Брисел.
Претставници на Србите од северно Косово кои ја посетија Патријаршијата во Белград, добија уверување дека црквата ќе ја поддржи нивната мирна борба.
Делегацијата косовски Срби пристигна во Белград на средба со вицепремиерот Александар Вулин од кого ќе побараат државното раководство на Србија да го отфрли бриселскиот договор. Тие изјавија дека ако не бидат прифатени нивните барања, ќе организираат митинг во Белград.