Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон даде свое ветување дека ќе обезбеди „инфраструктурна револуција“, која може да и помогне на земјата да се спаси од економското уништување поради смртоносниот коронавирус.
Обраќајки се на јавноста, премиерот упати благодарност кон медицинските лица и сите оние кои се уште се борат против најголемиот непријател на 21 век – корона пандемијата.
– Тоа е програма за работни места, работни места и работни места … ние ќе ги добиеме работните места, кои и се потребни на оваа нација, нагласи британскиот премиер во својот говор.
Тој вети дека планот ќе има функција да стави крај на „хроничниот“ неуспех на Велика Британија.
Џонсон додаде дека програмата е изработена од најдобрите експерти кои ја сакаат земјата и кои имаат задача заедно со него да ги надминат сите предизвици.