Болни и изнемоштени за гласање на изборите ќе се пријавуваат од утре

Од:

Почнува пријавувањето на болните и изнемоштените лица, кои можат да го искористат своето право на глас на 14 јули односно ден пред изборите. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, изјави дека пријавувањето во просториите на ОИК-Штип почнува од утре (1 јули). Имаат дежурни членови кои ќе ги примаат пријавите. Доставената документација членовите ќе ја разгледуваат заедно со лекари специјалисти.

-Правилникот од лани, кој излезе во Службен весник, како и полани и на секој избирачки процес важи, и во него се наведува кои луѓе можат да гласат дома, Но, сите оние кои се во самоизолација, изолација или имаат дијагноза Ковид-19 преку полномошник и со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, нека не информираат за да можеме да направиме една табела и тоа да го доставиме до ДИК, рече Андреева.

Таа посочи дека на 8 јули ќе имаат и дежурство до полноќ, за да можат да се пријават болните и изнемоштените лица.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он