(ВИДЕО) Жерновски: Мораториум за „Скопје 2014“

Од:

Прва одлука на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, е мораториум на сите активности поврзани со реализацијата на проектот „Скопје 2014“.

Со ова Жерновски донесе одлука дека сите формално правни активности за проектот „Скопје 2014“, околу разните видови согласности, околу нивната усогласеност со постојаната регулатива, како и финансиските исплати поврзани со веќе реализираното за проектот но и она што е договорено да се реализира во моментов тој го стопира.

Жерновски денеска го доби уверението дека е избран за градоначалник на општина Центар, по три круга на гласање и прегласување во општината.

Жерновски најави дека инспекциските служби веднаш ќе испитаат што се случува, чија е надлежноста и кој ја дал наредбата за уништување на зеленилото во Центар и узурпирањето на паркинг просторот спроти стариот цветен пазар.

На барање на новинарите, и Жерновски и претседателот на Советот Шиповиќ, ветија олеснување во паркирањето на возилата на медиумите, за да можат нормално да ја извршуваат работата, со што ќе се придонесе за поголема транспарентност на општина Центар.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он