Најмалку 23 лица, меѓу кои и деца, загинаа во експлозија на автомобил-бомба и минофрлачки напад на пазар во Авганистан.
И Талибанците и авганистанската армија меѓусебно се обвинуваат за нападот во провинцијата Хеланд.
Талибанците тврдат дека војската со минофрлачи го гаѓала пазарот, додека армијата вели дека бунтовниците испукале мини и активирале бомба во автомобил додека имало цивили.
Војската, исто така, соопшти дека денеска немало воени активност во областа и оти во експлозијата загинале и двајца талибански борци.