Иран судски ќе го гони Трамп, против него издаде и црвена потерница

Од:

Иран издаде црвена потерница за американскиот претседател, Доналд Трамп и за уште 30 лица, поради сомнеж дека се вмешани во нападот со беспилотно летало во Багдад во јануари оваа година, при што беше убиен иранскиот генерал, Касим Сулејмани.

Иран, исто така, побара помош и од Интерпол за апсење на осомничените, но медиумите оценуваат дека е малку веројатно меѓународната организација за криминалистичка полиција да го прифати барањето на Техеран.

Обвинителот Али Алкасимер истакна дека наведените лица се осомничени за вмешаност во нападот извршен на 3 јануари, во кој е убиен генералот Сулејмани, а обвинети се за убиство и тероризам, објави иранската државна агенција ИРНА.

Алкасимер не ги откри имињата на останатите осомничени, но нагласи дека Иран ќе продолжи судски да го гони Трамп и откако ќе му заврши претседателскиот мандат.

Би можело да ве интересира

Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Трамп: Среќен Денот на благодарноста и на радикалните левичарски лудаци кои ја уништуваа земјата

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати