Хрватска во пресрет на изборите во недела, на 5 јули, ја отвора границата со БиХ, одлучила хрватската Влада.
-Хрватската Влада, сепак, се согласи да ги олесни мерките за граѓаните од БиХ, што ќе се случи многу скоро, изјави хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлич Радман.
За одлуката тој телефонски веднаш ја известил својота колешка од БиХ, Бисерка Турковиќ.
Грлих Радман на Турковиќ и соопштил дека хрватската Влада се согласува во најскоро време да ги олабави мерките за граѓаните на БиХ кога тие ќе влегуваат во Хрватска.
Во изјавата на хрватското министерство се наведува дека министерката Турковиќ му се заблагодарила на својот хрватски колега за личниот ангажман по нивните вчерашни контакти, како и за заедничките настојувања евентуалните недоразбирања меѓу двете земји да се решаваат во духот на најдобрата дипломатска пракса, а односите да се развиваат врз основа на искрени и добрососедски принципи.