Јанушев: 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Берово каде што истакна дека во овие три години власта во Македонија донесе живот само за неколкумина од врвот и владееше со уцени, криминал и закани.

Јанушев потенцираше дека како на централно ниво со истиот начин СДСМ со криминал и уцени владеел и на локално ниво во Берово, „како што се заканите во Македонски шуми, но и со лаги како што ветуваа нов граничен премин Клепало“, но не го оствариле.

Тој додаде дека токму заради таквите закани, уцени и криминали после 15 јули сите што се огрешиле пред законите ќе одговараат и тоа во првите шест месеци, а заедно со тоа ќе следи обнова на Македонија во секој сегмент.

– Заедно ќе ја исправиме Македонија и ќе одбереме обнова, поради тоа што секој еден од нас е важен, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, ќе ја намали невработеноста во Македонија под 10%, ќе реконструира повеќе од илјада километри патишта и се обврзува на 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците.

За сето тоа да се оствари, како што потенцира тој, потребна е масовност на 15 јули.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ