Елизабета Јанкуловска: Охридско лето не смее да биде заложник на уцени

Од:

На сите учесници на фестивалот Охридско лето, независно дали се домашни или гости од странство, им понудивме исти услови и им обезбедивме соодветен третман, достоен на реномето на манифестацијата изјави директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска по вчерашната изјава на солистите во неколку национални установи дека не им се доволни средствата кои се одвоени за нивни престој во Охрид.

Понудата за учеството на членовите на Националните установи Македонската Опера и Балет и Македонската филхармонија за свеченото отворање на фестивалот уредно беа доставени до директорите на институции уште во април месец. На учесниците, согласно законските прописи им беа понудени 2 опции:

– хотелско сместување со полн пансион доручек, ручек и вечера, со вклучени патни трошоци, како меѓуградски така и локални или

– надоместок од 2000 денари од ден со платен персонален данок.

Дирекциите на Националните установи не информираа дека од страна на уметниците е прифатена понудата за надомест од 2000 денари од ден, поточно понудата за која во моментов реагираат група на вработени во Македонската Опера и Балет и Македонската филхармонија.

„Навистина зачудува фактот што во годината кога се понудени најдобрите услови за учество на манифестацијата Охридско лето, на само неколку денови пред почетокот се случуваат вакви настани кои имаат насока да фрлаат дамка на свеченото отворање.

Само за потсетување, во изминатите години членовите на оркестрите од двете институции добиваа по 400, 800 или 1200 денари од ден за нивниот настап на Охридско лето. Сметаме дека обезбедениот надомест од 8.000 денари за 4 дена за вработените во МОБ и 4.000 за 2 дена за вработените од МФ покрај редовната плата, говори за соодветниот третман на македонските уметници.

Никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, и не смееме да дозволиме манифестацијата Охридско лето да биде заложник на било какви условувања.

Сакам да потенцирам дека досега се превземени сите активности за непречена реализација на свеченото отворање, и престојното 52-ро издание на Фестивалот подготовките се веќе при крај и нашето внимание е сконцентрирано кон уште едно спектакуларно отворање“, рече Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот