(ВИДЕО) Мизрахи: СДСМ веднаш да ја напушти реториката која не враќа во средниот век, ширење омраза и нетрпеливост

Од:

„Сето ова што и се случува на Тамара е чист говор на омраза. Лажните вести, антисемитизмот, нетрпеливост кои лидерите на Социјалдемократскиот сојуз и нивните гласноговорници го шират во последниот период, добија нов лик–сексизам.

Дали вака го замислуваат градењето концепт на едно општество на еднакви граѓани?

Антисемитизам, сексизам, дискриминации по секој основ но, ништо лично нели? Ова е политика? Додека политичкото лидерство на СДС директно и индиректно се користи и поттикнува користење на вакви алатки за лична дискредитација и девалвација на противникот, се прашувам како тоа Царовска вчера истакна дека пред идното Собрание ќе се најде целосно нов Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените“, кажа Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник од изборна единица 2.

„Се чини дека единствената вистина настрана од таа дека мразите се Македонско е дека СДС се радикални мислители кои глумат улога во движењето за социјална правда, зборувајќи во име на работниците, сиромашните, зборувајќи во име на етничката и национална правда и секако правата на жените. Сексизмот ве оддава во сите ваши вистински бои.

Веднаш бараме извинување од страна на СДС, Зоран Заев и нивните луѓе одговорни за односи со јавност.

Бараме веднаш, истите да ја напуштат реториката која не враќа во средниот век, шири омраза и нетрпеливост! Ова е недозволиво!“, изјави Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник од изборна единица 2.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот