Носителот од коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 5 – Јован Митрески, оствари повеќе средби со стопанственици во Битола, каде порача дека малите бизниси се столбот на нашата економија.
Држава, нагласи тој, која овозможува услови за сите подеднакво, а не за малкумина како што тоа го правеше ДПМНЕ е држава во која сакаме да живееме.
– Нашата програма се темели токму на ова, ред, правда, поредок, општество за сите, а не малкумина. Јавноста е сведок кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка, изјави Митрески.
Јасно е, посочи тој, СДСМ носи сојузници, а ВМРО-ДПМНЕ носи непријатели.
– СДСМ нуди кадри кои државата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ нуди истрошени кадри на Груевски. Затоа на 15 јули граѓаните ќе го казнат незрелото, неодговорно и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, изјави Митрески.