Втор круг општински избори во Франција за избор на градоначалник во 4.820 општини

Од:

Вториот круг од општинските избори во Франција се одржува а со два главни влогови: излезеноста на гласачите при здравствена криза и во очекување на пробив на зелените во неколку големи градови, јави дописникот на МИА.

Ова гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, заради епидемијата поради коронавирусот, гласачите се повикани да гласаат денес за вториот круг од општинските избори во 4.820 општини , скоро три и пол месеци по првиот.

Од овие „вонредни“ денес се опфатени повеќе од 157000 кандидати и 16,5 милиони избирачи, тие се одржуваат под засилена здравствена заштита со носење задолжителна маска на избирачките места, хидроалкохолен гел и приоритет за гласање за ранливите лица.

Гласањето се одржува во 15% од општините, меѓу кои и големите градови како Париз, Лион, и Марсеј, каде што советите не беа целосно избрани на 15 март. Вториот круг главно се однесува на градовите, бидејќи руралните комуни масовно ги завршија изборите во првиот круг.

Првиот предизвик на изборите ќе биде проблемот со учеството, по падот на првиот круг, кога помалку од половината од избирачите (44,3% наспроти 63,5% во 2014 година) излегоа да гласаат заради ризик од зараза.

По кампањата, честопати ограничена само на социјалните медиуми, за денес повторно се најавува масовна апстиненција. Скоро шеесет отсто од французите може да не излезат на гласање, според неколку анкети. Уште поголем процент отколку во првиот круг. Но, многу гласачи се одлучуваат да излезат во последен момент.

Трендот на градоначалници кои го избираа својот наследник, или лесно се стекнуваа со ниов мандат исто така, може да доживее неуспех. Резултатите ветуваат дека ќе бидат тесни во десет најголеми градови во Франција.

Во Париз, Ана Идалго (социјалист) се чини дека е во позиција да го задржи градот во рацете на левицата. Но, исходот од изборите е многу неизвесен во Лион, Марсеј, Тулуз, Стразбур, Монпелје, Нанси или дури и Лил, главно под притисок на еколозите.

За претседателската Република во Марш, може да се надева на успех само во Стразбур.

Со внимание се следи и изборот во во Ле Хавр, каде премиерот Едуард Филип е кандидат, а претседателот Емануел Микрон најавува реконструкција на владата.

Многу ослабени на национално ниво, Социјалистичката партија и Републиканците (десницата) го подобрија своето здравје на локално ниво. Социјалситите е во состојба да ги задржат своите бастиони – Париз, Нант, Рен, Дижон – и треба да се врати на нсивото во кое се наоѓаше по загубата на многу градови во 2014 година.

Републиканците го потврдија своето заздравување победувајќи во првиот круг во многу градови со повеќе од 9000 жители што ги контролираа. Но, поразот во Марсеј, кој го држеше десницата 25 години, или Тулуз, четвртиот град на Франција, би имал силна политичка резонанца.

Нанси исто така може да има силна резонанца на национално ниво се премин во рацете на левицата по скоро половина век на владеење на радикалите од десницата.

Понесени од бранот за заштита на животната средина, кандидатите на еколозите можат да збележат успех во неколку големи градови, какои Гренобл, Лион, Стразбур, Бесансон.

Главниот противник на Емануел Макрон на национално ниво, Националниот собир има надеж да го освои само градот Перпињан.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата