Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 2,5 милијарди денари годишно во образование, наука и спорт

Од:

Заев и коалицијата СДСМ – Беса не нудат ништо освен порази, криминал и корупција и единствено на што се подготвени е да тргуваат со националното достоинство и со честа со угледот на луѓето, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета во Виница.

Мицкоски истакна дека во Проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на термо енергетски фасади за граѓаните кои што половина ќе ги прати државата, бесплатен приклучок за гас за секое семејство за поздрава животна средина, но и најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден мандат и загарантиран откуп.

– Ќе има за секого по нешто. Реновирана болница, културен дом, училишта, еден денар во културата најмалку 800 милиони денари годишно од оние три денари акциза која што ги наметна оваа репресионистичка власт ќе бидат наменети за културата. 800 милиони денари за образованието 800 милиони денари годишно за спортот 2,5 милијарди денари за ова свето тројство образование наука и спорт годишно. Не парите во буџетот, а потоа во тендерите во четири очи. Во овие 360 страници ќе наидете на многу реконструирани канали за наводнување на нашите ниви, но и ќе наидете на нешто што ќе го врати нашето достоинство, изјави Мицкоски.

Додаде дека токму затоа по 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како може за само шест месеци за секој за кој што постои основано сомнение за криминал, дали бил дел од СДСМ, дали бил дел од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса политички определен или неопределен да ја дочека правдата пред сопствената врата.

– Јас ви ветувам правда без исклучок почитување на законите заврши времето на политичките деспоти. Нема да биде политичар привилегирана каста. Помина времето на политички мочуришта и неуспеси. Доаѓа времето кога Македонија се исправа. Доста беше чувството на граѓани од втор ред. Ќе има минимум 25 проценти поголема плата во еден четиригодишен мандат ќе има минимум 20 отсто повисоки пензии за пензионерите, минимум 1 000 километри локални и регионални реконструирани патни правци, изјави Мицкоски.

Тој ги повика виничани на 15 јули да излезат масовно и да ја поддржат листата на ВМРО-ДПМНЕ која во нивната единица ја предводи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје