(ВИДЕО) Силјановска Давкова: Заштита на човековата околина и намалување на загадувањето се моите приоритети

Од:

Носителот на изборна единица 1, Гордана Силјановска Давкова на денешната средба со жителите на општина Аеродром истакна дека за неа приоритет се поголемата заштита на човековата околина и намалување на загадувањето.

– За време на претседателската кампања се залагав за поголема заштита на човековата околина, намалување на загадувањето, екологијата како основно човеково право. Уште тогаш се залагав овој проблем да се крене на високо ниво, како безбедносно прашање. Сега, се обврзуваме дека тоа прашање ќе биде приоритет, вели Силјановска Давкова.

Пред присутните Силјановска Давкова вети дека програмата обнова за Македонија ќе се справи со овие проблеми со кои се соочуваат жителите на општина Аеродром.

– Тука во општината каде воздухот секоја зима е страшно загаден, каде зеленилото е бетонирано, ветуваме дека Обновата ќе се справи со овие проблеми. Ќе ја исправиме Македонија, ќе го исправиме Аеродром, порача носителот на Изборна единица 1 Силјановска Давкова.

Додаде дека во проектот Зелена Македонија се обврзуваат во 30 проценти зеленило на ниво на маало во деталните урбанистички планови, како и задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина при градежна активност се со цел да се решат проблемите со недостаток на зеленило и почиста животна средина за сите.

– Се обврзуваме во проектот Зелена Македонија при донесување на урбанистичките планови за 30 проценти зеленило на ниво на маало во деталните урбанистички планови, како и задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина при градежна активност, за да се реши проблемот со недостатокот на зеленило и почиста животна средина за сите, кажа Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”