Носителот на изборна единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Владо Мисајловски беше во посета на Куманово од каде кажа ВМРО ДПМНЕ ќе води позитивна кампања и дека е партија различна од сите останати заради фактот дека се она што ќе вети со сигурност го реализира.
„ВМРО-ДПМНЕ е различна партија од сите останати. Ние се заложуваме за проекти се заложуваме за нова обнова во Македонија. Додека СДСМ вели дека можат повеќе да работат јас мислам дека они можат повеќе да крадат да продолжат со мито и корупција и можат повеќе да не угнетуваат. Затоа ние ќе ја обновиме Македонија и ќе продолжиме со позитивна кампања“, истакна Мисајловски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за фер и демократска кампања и дека коалицијата „За обнова на Македонија“ со своите проекти е посветена на сите сегменти па и на културата и уметноста и културно – уметничките работници каде се издвоени исто така огромен број на проекти.
„Ни треба фер демократска кампања и тогаш ќе видиме сите како ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и тоа е само таа цел. Но ние ќе поминеме да се видиме со граѓаните да разговараме, но имавме и еден убав состанок со оние уметници луѓе што се авангарда не само тука во Куманово и во светот кој ни пренесоа дека они треба да бидат на пиедесталот. Треба да се посветиме и ние како влада, како политичари зборам новата влада што ќе ја направиме тие луѓе да бидат ценети. Има прекрасни луѓе, луѓе уметници кои што ја промовираат Македонија“, кажа Мисајловски.
Тој како носител на изборна единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ додаде дека Куманово како и сите градови заслужува просперитет, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ има изготвено проекти кои гарантираат сигурна иднина на секој граѓанин.
„Овој град е прекрасен град и заслужува убави нешта, заслужува позитивни нешта и ние оваа кампања натака ќе ја целиме Секој граѓанин да доживее дека ВМРО ДПМНЕ ќе му пружи убавини ќе му пружи нешто што се вика сигурна иднина“, посочи Мисајловски.