Најмалку седуммина загинаа, а десетици се повредени при денешниот земјотрес кој го погоди Авганистан, соопштија локалните власти.
Шест лица загинаа, а 75 се повредени во провинцијата Нангархар, а едно лице го загуби животот во соседната провинција Кунар.
Земјотресот бил со интензитет од 5,7 степени според Рихтер, а претходно некои медиуми, повикувајќи се на пакистанската сеизмолошка служба, објавија дека изнесувал 6,2 степена.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Џалалабад, во близина до границата со Пакистан.