„За три години направивме пресврт и разлика. Од општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество кое им помага на ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.
Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците. 12.000 наши сограѓани добиваат месечен надомест од над 8.000 денари до пензионирање. Воведовме социјална пензија за лицата кои не го исполнуваа условот работен стаж. Околу 6.000 наши сограѓани добиваат социјална пензија. Солидарно се бориме и против економските последиците од коронавирусот“, изјави Јован Митрески, носител во ИЕ 5.
„Време е за ред, правда и дисциплина во сите институции. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.
Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.
Сите функционери во извршната, локалната и судската власт, јавно и транспарентно ќе ги објавуваат сите службени трошоци“, кажа Јован Митрески, носител во ИЕ 5.
„Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ќе биде ефикасна.
Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси. Ние се грижиме за сите граѓани, тие се грижат само за себе и своите интереси.
На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда. Затоа што Можеме уште повеќе, уште подобро“, вели Митрески.