Мисајловски: На 15 јули масовно да излеземе на гласање

Од:

Носителот на листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ на втората изборна единица, Владо Мисајловски попладнево оствари средба со граѓаните на населба Волково.

Тој упати апел до граѓаните да излезат на гласање во што поголем број и да ги почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од коронавирусот.

– Да излезете на гласање во што поголем број за да ја земеме во свои раце иднината и да не дозволиме други да ни ја одредуваат судбината. Јас планирам да oстанам во Ѓорче Петров, нашите деца да останат тука. Но, ако седиме дома и само критикуваме нема да можеме да победиме. Затоа ви благодарам на сите што доаѓате, ви благодарам на сите што одвојувате еден атом од вашата енергија за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, порача Мисајловски.

Ги поздравувам, додаде тој, и оние кои што во минатото гласaле против нас и да им упатам порака дека секогаш се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ за да ни помoгнат, затоа што сите сме заедно во оваа битка.

Мисајловски упати порака и до политичките опоненти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие парламентарни избори и дека тие се добредојдени да им се придружат, затоа што, како што рече, ние сите сме луѓе кои што имаме една цела и една идеја – Македонија.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Промоција на нови офицери и подофицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија