Тексас нареди да се затворат баровите по разгорувањето на епидемијата

Од:

Гувернерот на Тексас Грег Абот денес нареди затворање на баровите во американската сојузна држава, откако изминатите денови беше забележан рекорден број на новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата, јавуваат агенциите. 

„Јасно е дека бројот на заразени лица се зголемува поради овие активности. Граѓаните на Тексас се собираат по баровите, рече Абот и повика на почитување на мерките – носење маска и одржување физичка дистанца.

Баровите и рестораните, кои претежно заработуваат од продажба на алкохолни пијалоци, ќе бидат затворени од денеска на пладне според локално време, а дозволени се достави до дома, како и набавка на пијалоци „за носење“.

Абот, кој издаде указ и за враќање на други рестриктивни мерки, остави локалните власти да одлучат за ограничување на бројот на луѓе на собири.

Во Тексас вчера се регистрирани 5.996 заразени со коронавирус и тоа е рекорден број за таа американска држава од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти