Хашим Тачи по обвинението за воени злосторства најави обраќање пред граѓаните во недела

Од:

Косовскиот претседател, Хашим Тачи од Албанја изјави дека наскоро се враќа на Косово од каде и ќе се обрати на граѓаните во недела навечер.

Тачи на својот Фејсбук профил на граѓаните им посака да имаат мирен викенд, а дека тој останува со надеж дека „пред нас се наоѓаат најдобрите денови за Косово и албанската нација“.

Motra dhe vëllezër,Miq të dashur,Sapo kam zbritur në Aeroportin “Nëna Terezë” në Tiranë, ndërkaq, të dielën në…

Posted by Hashim Thaçi on Петок, 26 јуни 2020

„Драги пријатели, само што слетав на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, а во недела навечер ќе ви се обратам од мојата канцеларија. Ви посакувам да имате мирен викенд и останувам со полна надеж дека пред нас се наоѓаат најдобрите денови за Косово и албанската нација“, напиша Тачи.

Специјалното обвинителство во Хаг неделава подигна обвинение против Тачи, Весели и уште осуммина поранешни борци и команданти на Ослободителната војска на Косово, за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, прогони и тортура.

Во обвинението се наведува дека осомничените сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства. Наведени се имињата на стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници. Хашим Тачи денес се огласи за првпат по веста од Хаг, изјавувајќи од Тирана, од каде што се враќа во Приштина, дека ќе ѝ се обрати на јавноста во недела.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина