Николоски: По победата ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита потеклото на имотот на фамилијата Заеви

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска пред жителите на општина Демир Капија го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев јавно да одговори дали може да го докажи сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство, бидејќи како што рече тој во програмата Обнова за Македонија предвидено е и испитување на потеклото на сите политичари во Македонија, но и на сите вршители на јавни функции во Македонија за да видиме кој, како и зошто се стекнал со енормни богатства во изминатите 30 години.

„На 15 јули ни е потребна победа за да можеме да го реализираме нашиот план и проект кој што е дел од нашата програма за испитување на потеклото на сите политичари во Македонија, но и на сите вршители на јавни функции во Македонија за да видиме кој, како и зошто се стекнал со енормни богатства во изминатите 30 години. Од тука од Демир Капија јавно го прашувам Зоран Заев кој што вчера во напад на паника поради добрата атмосфера во четвртата изборна единица почна да се заканува дали е спремен јавно да каже, дека може да потврди како тој и неговото семејство го стекнале капиталот и дали е сигурен дека со реализацијата на законот кој што ќе го воведе ВМРО-ДПМНЕ за проверка на потекло на капитал, неговиот капитал ќе биде чист. Еве од тука јавно го повикувам да одговори дали може да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство“, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски