Шекеринска: Со 12 милиони евра саниравме проблеми кои беа наталожени речиси 4 децении

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оствари работна посета во Демир Хисар и притоа посети повеќе капитални инвестиции кои Владата заедно со општината успеаја да ги реализираат во изминативе три години.

Шекеринска изјави дека целиот фокус во овие две и пол години бил ставен на патните правци коишто Демир Хисар го поврзуваат со Битола, Крушево и со Другово.

„Во следниот четиригодишен период фокусот ќе ни биде да обезбедиме добра патна инфраструктура кон Кичево, и Демир Хисар целосно да го поврземе со добри квалитетни патишта кои нема да ги малтретираат граѓаните и коишто ќе обезбедат дополнителна шанса за локалниот бизнис. Како Влада асистиравме и на изградбата на локална инфраструктура. По цели 40 години обезбедивме средства со кои се рехабилитираше и асфалтираше делницата помеѓу Слоештица и Вирово, а по 30 години обезбедивме и помогнавме целосна реконструкција на коловозот во село Базерник. Како Влада влијаевме и на подобрување на капацитетите во Општина Демир Хисар“, рече Шекеринска.

Таа денес ја посети и психијатриската болница од каде соопшти дека е зголемен бројот на специјализации, бројот на медицински лица коишто работат во болницата, но и дека се подобрени условите за работа.

„Новиот павилјон, машки павилјон во психијатриската болница, обезбедува подобри и похумани услови за сместување во еден капацитет кој е важен не само за здравството, туку и за тоа каква демократска држава која почитува или не почитува човекови права. Ќе биде нашата татковина. Нашиот фокус во време на корона-кризата беше да им помогнеме на сите општини, на сите економски субјекти, но и на што е можно поголем круг на граѓани. Нашата Влада само во Општина Демир Хисар обезбеди директни финансиски инјекции, директна финансиска помош на 59 фирми, за да ги зачуваат своите работни места и за да продолжат со работа дури и во вака тешки околности. Само во Општина Демир Хисар обезбедивме финансиска поддршка на 1.441 граѓанин, преку картичката со која се купуваат домашните производи. Ова се пари кои влегуваат во семејните буџети, ова се пари кои влегуваат во буџетите на фирмите“, рече Шекеринска.

Само на ваков начин ќе можеме парите да ги враќаме на граѓаните, но и да дадеме многу поголема шанса за општински развој и развој на Демир Хисар и Демирхисарско. Ми беше задоволство што чув дека Демир Хисар е општина што користи навистина на многу ефикасен начин, голем број европски средства и тие средства ги насочува токму кон развој и на културата и на локалната инфраструктура, но исто така и на шансите за развој на туризмот. На таков начин градиме нова развојна македонска економија. На таков начин создаваме подобри работни места и овозможуваме повторно повисоки плати“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он