Пораката на Јосип Броз Тито на ѕидот од Музејот на Град Скопје, која пред 12 години беше отстранета летово најверојатно повторно ќе се врати таму, во пресрет на одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес.
За јубилејното одбележување на петте децении од земјотресот кој го разурна главниот град на земјава, вчера беше најавено дека ќе има реконструкција и доградба на тој дел од Музејот, па пораката за солидарност на Тито повторно ќе стои на ѕидот од старата железничка станица.
Пораката беше отстранета пред 12 години од страна на тогашниот директор на Музејот, со објаснување дека буквите ќе се заменат со нови, а ѕидот ќе се реконструира, но досега тоа никој не го стори.
ФОТО: Тема1