Конференција на шефовите на военото разузнавање од Западен Балкан

Од:

Конференција на шефовите на воено-разузнувачките служби од Западен Балкан (WEBADIC 3) до сабота ќе се одржува во Скопје, во организација на Министерството за одбрана.

На отворањето на конференцијата се обратиле државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

Како што информира Министерството за одбрана, Стефаноски потенцирал дека Република Македонија од нејзиното осамостојување и формирање како независна и суверена држава воспоставила политики, развива стратегии и изградила систем кој ќе овозможи целосна НАТО и ЕУ интеграција. Во тој поглед, нагласил Стефаноски, трансформацијата и модернизацијата на безбедносниот систем како главни императиви во реформскиот процес се наша цврста определба и посветеност.

– Денес Република Македонија како членка на меѓународни организации заедно со другите земји членки на НАТО, особено со соседните држави од регионот активно учествува во градење интегритет во областа на одбраната и безбедноста. Безбедносниот систем мора да се перципира како жив организам кој мора постојано да се адаптира на безбедносното опкружување од таа причина регионалната соработка меѓу службите за воена разузнавање е од огромно значење што ќе овозможи да се подобрат безбедносните системи на земјите од Западен Балкан, се вели во сооопштението од МО.

Генералот Котески во излагањето ја истакнал одличната соработка на полето на одбраната и безбедноста во регионот, каде таа е посебно интегрирана во рамките на Јадранската група, како модел за  сеопфатна соработка и поврзување во сите сегменти на безбедносната политика во регионот.

Тој посебно се осврнал на соработката во рамки на военото разузнување во услови на постоење на современи закани по безбедноста, при што нагласил дека размената на разузнувачки информации ќе помогне во јакнењето на заедничките напори во борбата против сите видови и облици на тероризам и закани против државите, но и во зачувувањето на безбедноста на граѓаните.

Конференцијата на шефовите на воено-разузнувачките служби од Западен Балкан е трета по ред која се одржува во земјите од регионот на Западен Балкан, а годинава покрај претставниците на Министерството за одбрана од Република Македонија, учествуваат и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Косово, Црна Гора, Словенија, Турција, САД, Штабот на НАТО од Брисел, Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Здружената разузнувачка ќелија на НАТО, Команда на силите на САД во Европа и  Националниот разузнувачки Универзитет од Вашингтон.

– Се очекува Конференцијата да даде соодветен придонес во јакнењето на заедничките напори за изградба на заедничките капацитети во справувањето со современите безбедносни предизвици, како и соработката на полето на одбраната и безбедноста во регионот, се наведува во соопштението од МО.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната