Северна и Јужна Кореја денеска одделно ја одбележаа 70-годишнината од почетокот на Корејската војна, еден ден откако Пјонгјанг ненадејно ја прекина неодамна почнатата кампања за притисок врз Сеул.
Јужна Кореја објави заедничко соопштение со САД, нејзин сојузник во војната, која почнала на денешен ден во 1950 година со ненадејна инвазија на комунистичките сили од северот на земјата, поддржани од Кина и од Советскиот Сојуз.
Вашингтон и Сеул наведуваат дека се „посветени на јакнење и прилагодување на сојузот заради соочување со сегашните и идните предизвици“, повикувајќи ја Северна Кореја да го исполни ветувањето за разоружување.
САД и понатаму имаат околу 28.000 војници во Јужна Кореја, што северниот сосед го смета како воена закана.
Воените лидери на Јужна Кореја оддадоа почит на националните гробишта во Сеул, каде се погребани десетици илјади жртви на војната, главно војници. Воениот музеј во Сеул, место кое многумина го посетуваат на денешниот ден, е затворен поради пандемијата на коронавирусот.
Северна Кореја го одбележа јубилејот со посета на државниот врв на спомениците на загинатите војници и со антиамериканска реторика.
За комунистичката земја е поважен датумот 27 јули, кога е потпишано примирјето во 1953 година, што Пјонгјанг го смета за победа во војната.
VIDEO: South Korea on Thursday held a ceremony to mark 70 years since the start of the Korean War. The conflict broke out on June 25, 1950 and ended in 1953, with an armistice rather than a formal peace treaty, after the two sides and their allies fought to a standstill pic.twitter.com/ssQ6ikNVCs
— AFP news agency (@AFP) June 25, 2020
Двете Кореи и понатаму се технички во војна, бидејќи примирјето со кое прекинале судирите, се уште не е заменето со мировен договор.