Фолксваген на Саемот на автомобили во Шангај го претстави концептот „АјБитл“, што на пазарот се очекува во текот на идната година. „АјБитл“ се опишува како прв автомобил во светот што поседува оригинален интуитивен интерфејс за „АјФон“ во соработка со „Епл“.
Моделот ќе биде достапен како купе и кабриолет. „АјБитл“ ќе биде опремен со специјална апликација со функции како што се Sportify, Expert, Trainer, Reader, Postcard i Milestone со помош на кои возачот на безбеден и едноставен начин во текот на возењето ќе може да го користи својот телефон.