Вашингтон ја одложи средбата меѓу претставници на Србија и Косово по обвинението за Тачи

Од:

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за дијалогот меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, ја одложи средбата во Белата куќа, закажана за 27 јуни, откако косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска го извести дека нема да патува за Вашингтон.

Гренел на Твитер објави дека ја разбира одлуката на косовскиот премиер да не доаѓа во Вашингтон по вчерашното обвинение за воени злосторства од Хаг против претседателот на Косово Хашим Тачи и додаде дека работи на промена на датумот на состанокот.

„Ние ја разбираме вашата одлука и очекуваме наскоро да организираме нов состанок“, напиша американскиот дипломат на Твитер, додавајќи го објавувањето на Хоти на истата социјална мрежа.
Косовскиот премиер најави дека не може да присуствува на состанокот на делегациите на Србија и на Косово на 27 јуни во Белата куќа. Хоти на Твитер напиша дека, поради ситуацијата предизвикана од обвинението на Специјалното обвинителство против Хашим Тачи и Кадри Весели, го известил специјалниот пратеник дека не може да присуствува на состанокот.

„Поради новите случувања во Приштина со обвинението поднесено од Специјалното обвинителство, морам да се вратам во мојата земја за да се справам со ситуацијата. Јас го известив амбасадорот Гренел дека не можам да присуствувам на состанокот на 27 јуни во Белата куќа”, се вели во соопштението на косовскиот премиер на Твитер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија