Меѓународната организација „Репортери без граници“ го осуди апсењето на Нора Јунис, уредничка на еден од неколкуте преостанати независни медиуми во Египет и ги повика властите во земјата веднаш да ја ослободат и да ги отфрлат сите обвиненија.
Нора Јунис, уредничка на веб-страницата Ал-Манасa, беше уапсена вчера откако безбедносните сили извршија рација во нејзината канцеларија во Каиро
„Таа е обвинета за водење веб-страница без дозвола за работа“, соопшти Ал-Манас.
„Со постојани административни одложувања, властите спречуваа Ал-Манас да се легализира, поради што недостига официјална дозвола за работа, што е причина за судска постапка, соопшти „Репортери без граници“.
Тие ги повикаа египетските власти да престанат со прогонот на независните медиуми.
Во Египет е потребно медиумите да имаат лиценца за работа, но неиздавањето дозвола честопати се користи како изговор за замолчување на медиумите што ја критикуваат власта.