Филипче најави разрешување на Зибери, откако тој објави дека границите се отвораат за иселениците да гласаат

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче најави можна смена на директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, тие да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер. Филипче, повикот на Зибери го нарече евтина и лоша предизборна реторика.

„Директорот Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, евтина и лоша. И со оваа изјава, директорот нема да добие ништо. Целиот овој изминат период Комисијата работи врз основа на медицински индикатори, на медицината како наука, на епидемиологијата. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно на еден човек кој раководи една таква институција. Јас уште денеска ќе се консултирам со правниците и доколку во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче.

Зибери пак, на социјалните мрежи објави повик за иселениците, на кои им порача дека можат да дојдат дома без тестови и изолација, благодарение на придонесот на неговиот придонес, како и придонесот на ДУИ. На крајот од објавата, Зибери напиша: „Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска