Втор бран на пандемијата можен во Франција, велат епидемиолозите

Од:

По излегувањето од строгиот карантин и дозволата за отворање на рестораните и баровите, Французите подзаборавија на епидемијата, како што можеше да се види на масовните спонтани собири во Париз и за време на неодамнешниот празник на музиката. Епидемиолозите и виролозите предупредуваат на можен втор бран и нагласуваат дека вирусот сè уште циркулира, пишува дописникот на МИА од Париз.

Андреа Амон од Европскиот центар за превенција на болестите вели дека не е прашање дали ќе има втор бран на епидемијата со новиот коронавирус во Европа и посебно во Франција, туку кога тој ќе се случи и со колкав интензитет.

И епидемиологот Мартин Бланшие истакнува дека е неминовен втор бран на Ковид-19 во Франција, додавајќи оти тоа се очекува околу втората половина на август.

Францускиот Научен совет во неделата повика на голема претпазливост, бидејќи враќањето на новиот коронавирус е можно на краток и среден рок. Меѓу причините за тоа се: слабата имунизација на населението, динамиката на епидемијата во странство и искуството од пандемиите со грипот.

Фамозниот Р0 е над еден во пет француски региони односно кога репродукцијата на вирусот е над вредноста еден тоа значи дека бројот на заболените се зголемува. Во Нормандија тој показател достигна 1,6 односно повисоко од прагот на тревога утврден на 1,5. Во другите региони Оверњ, Рона Алпи тој е 1,02, во Окситанија 1,51 на Мартиника 1,57 и во Гвајана 2,59. За Гвајана се размислува за враќање на мерките на изолација.

Бројот на клостерите жаришта на епидемијата исто така се зголеми во Фрација за 27,6 отсто за една недела, на вкупно 37 од претходните 29. Односно од 9 мај има 269 случаи на заболени во група или клостери, од кои седум се нови и за 89 се води санитарна истрага.

Научниот совет смета дека враќањето на епидемијата е можно бидејќи има забрзување и во другите земји. Така ако на почетокот беа потребни три месеци да се достигне бројот од еден милион заболени, сега за само една недела беа регистрирани нови еден милион заболени лица. Ако во Европа историски гледано, пандемиите со респираторни вируси во осумдесет отсто од случаите се намалуваат спонтано за време на летото, скоро 50 отсто од нив се враќаат со есента, затоа е веројатно враќање на епидемијата на крајот на есента или почетокот на зимата.

Инаку, во последните 24 часа во Франција се забележани 57 нови смрти случаи со што бројот на починати достигна 29.720 од почетокот на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт